НЕ СЕ СЕЌАВАШ НА МЕНЕ
Не се сеќаваш на мене
како што јас се сеќавам на тебе.
За тебе
можеби бев само
една обична приказна
што поминала.
Но ти за мене
останa како песна
што не престанува
да свири во главата.
Те има
во секое доцно будење.
Во секоја улица
по која одам сама.
Во секое „добро сум“
што го кажувам
додека се распаѓам.
Најтажно е
што луѓето никогаш не знаат
колку значеле
додека не станат
нечие најболно сеќавање.